Маж од Битола уапсен – осомничен дека му се закани на обвинителот Јовески со убиство

Писмото напишано на македонски и на англиски јазик беше испратено преку препорачана пратка од пошта во Битола, а во него заканувачот, претставувајќи се како терористичка организација, бараше ослободување на двајца новинари од ТВ Алфа од кривично гонење или во спротивно му се закани на јавниот обвинител со убиство

Лицето што минатата недела испрати писмена закана до јавниот обвинител Љубомир Јовески е приведено, а неофицијално се работи за маж од Битола.

Од МВР најавуваат детали во текот на денот.

„Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа“,

се наведуваше во писмото до Јовески во кое се бара ослободување од гонење на двајцата новинари од ТВ АЛФА, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ.

Писмото напишано на македонски и на англиски јазик беше испратено како препорачана пратка од пошта во Битола, што најверојатно ја одвело полицијата до авторот.

Обвинителот Љубомир Јовески тогаш изјави дека ниту една закана, вклучувајќи ја и оваа по живот, нема да го поколеба да работи професионално и одговорно во примена на законите.

Инаку, постапката што се водеше за двајцата новинари е запрена во декември минатата година бидејќи е утврдено дека нема причина за гонење од страна на јавен обвинител.

За новинарите Момировски и Милосављевиќ до Обвинителството беше поднесена кривична пријава од Агенцијата за разузнавање во врска со наводи за безбедносни и разузнавачки структури изнесени во емисијата „Заспиј ако можеш“ емитувана на ТВ Алфа на 11 јануари 2021. Тие во ноември лани беа повикани и да дадат исказ. Меѓутоа, веќе наредниот месец предметот, според соопштението од Обвинителството, бил запрен бидејќи надлежниот обвинител сметал дека нема место за јавнообвинителско постапување.

Total
30
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Горивата поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на…