МНР – членови на навивачките групи на нецивилизиран начин ги остранувале лентите од венците за чествувањето на Гоце Делчев

Според МНР членови на навивачките групи на нецивилизиран начин ги остранувале лентите од венците положени од страна на бугарските официјални претставници за време на оддавањето на почит на гробот на Гоце Делчев.

МНР официјално ја известило Бугарија дека надлежните институции во Македонија веќе ги презеле сите потребни чекори и постапки за откривање на сторителите на немилиот инцидент, со кој како што наведуваат, е направен обид да се фрли сенка на обележувањето и чествувањето на смртта на Гоце Делчев, на угледот на нашата држава и на делегацииите од Бугарија кои како што стои во соопштението.

Учествуваа на свечениот чин на чествување на оваа голема историска личност, значајна за сите нас.

Total
1
Shares
Поврзани објави