МВР ќе обезбедува, засега нема забрана за влез на бугарски политичари

Владата денеска без одлука за забрана за влез на бугарски политичари кои го негираат македонскиот народ. Шефот на бугарската дипломатија не дојде во Парламентот во Софија да го образложи претепувањето на бугарскиот државјанин Пендиков во Охрид. Американската амбасадорка Агелер повика на смиреност.

Министерството за внатрешни работи треба да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно со препораките од надлежните служби соопштени на вчерашната седница на Советот за безбедност, одлучи денеска Владата , по најавите за доаѓање на поголема група граѓани на Бугарија на 4 февруари на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.

Во Софија, пак, бугарскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков не дојде на најавеното сослушување во парламентот во Софија, на кое требаше да ги образложи деталите за нападот врз бугарскиот државјанин Христијан Пендиков во Охрид.

Претседателот Пендаровски вчера побара од владата да им забрани влез во земјава на еден европратеник од Бугарија и на неколку други бугарски државјани „поради дејствијата кои порано ги преземале и сѐ уште ги преземаат против нашата држава“.

Total
0
Shares
Поврзани објави