Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Основното јавно обвинителство покренува постапка против 20 лица за криумчарење луксузни возила. Пет од лицата за кои се покренува истражната постапка се вработени во Министерството за внатрешни работи. 

– Основно јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка за кривично дело Криумчарење, Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, Компјутерски фалсификат и Фалсификување исправи, но и прикривање на предмети поврзани со криумчарње и дури и злоупореба на лични податоци – кажа Наташа Сарамандова, јавен обвинител.

Сарамандова појасни дека отворена е истражна постапка за осум лица, но кривичната пријава е за 21 лице, дваесет физички лица и едно правно лице. Се работи за криумчарње на екслузивни луксузни возила чија вредност поеднинечно се движела од 500 до 600 илјади евра. 

– Овие автомобиле биле предмет на кривично дело во други европски држави и предмет на меѓународна потрага, кои се внесувани со криумчарење, а потоа се вадени документи, фалсификување на службена исправа, фалсификување на исправи, со цел нивно легализирање. Потоа се преминува на прикривање на кривичното дело со препродавање од едно на друго лице по многу пониска цена, се дур не се прикријат трагите, за на крај да се препродатат на лице по вистински проценетата вредност – објасни Сарамандова.

Оваа кривична пријава е за 14 патнички возила и еден мотор. Меѓу 20 те лица за кои се води постапка, пет лица се од МВР, вработени во одделот за управни работи, останатите се физички лица кои веќе имале начин на примена на овие дела во повеќе наврати, и едно правно лице.

– Во моментов се лишени од слобода 18 лица, додека две лица се во бегство. Против осум лица ќе бидат поднесени предлози мерка притвор, од кои за шест лица веќе е обезбедена мерката, две лица се во бегство, и за нив ќе биде побарана мерка притвор во бегство. За останатите ќе се предложи мерка обезбедување – укажа Сарамандова. 

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

СЈО: Истраги за Зоран Ставревски , Никола Груевски, Бујар Османи и други за кинеските автобуси, гасовод, купување медиуми , парцели – можен криминал од 80 милиони евра

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите…