Можно е повторно забрана за свадби и семејни веселби во сали, по појавата на сватовски кластери

Членовите на Комисијата за заразни болести денеска ќе заседаваат при што е можно повторно воведување на забрана за свадби и други семејни веселби во затворени простории.

Откако деновиве повторно е во пораст бројот на новозаразени со Ковид-19 и потврдените кластери од свадби и семејни веселби во Македонија, денеска е можно Комисијата за заразни болести да донесе одлука за забрана на семејните веселби во затворен простор.

Здравствените власти уверуваат дека имаме мирно лето и дека нема потреба од рестрикции, но повторно се разгледува опција за позасилени контроли на граничните премини и за воведување на мерката за влез во Македонија само со негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација

Total
127
Shares

USJE
Поврзани објави