Момчето на прегазената девојка во Скопје: “Го извикував нејзиното име, но таа не реагираше- се надевав дека не е најлошото”

Четврток, 20 јануари. Додека Леонид бил на работа, неговата девојка Викторија, учела за постдипломските студии. Попладнето, заедно го подготвиле омиленото јадење. Потоа решиле да одат на шопинг во Сити Мол. На враќање, на пешачкиот премин, ги удира автомобил.

* Пешачкиот премин е за преминување од една страна на улицата на друга, а не премин од овој на другиот свет, е една од пораките на мирниот протест. Која е вашата лична порака?

– Пешачките премини и тротоарите се единственото место каде пешаците треба да се чувствуваат безбедно.

– Викторија зрачеше со позитивна енергија, убавина. Со позитивен став гледаше на работите. Имавме исти сфаќања за многу нешта. Таа беше многу паметна, грижлива, внимателна, дружељубива, снаодлива. Ја красеа многу епитети. Едноставно поседуваше сé што ја красат една добра и комплетна личност.

* Може ли да ни го опишете последниот ден, од утрото до часот на кобниот настан. Каде го поминавте, со што ви беше исполнет?

– Како и секој работен ден, станав и се подготвував за на работа. Викторија ми направи појадок. Го земав и заминав. Додека бев на работа, таа учеше за предметите кои требаше да ги полага на постдипломските студии. Се вратив од работа и го подготвивме едно од нашите омилени јадења. Ручавме и одлучивме да отидеме на шопинг во Сити Мол. На враќање, за жал се случи кобниот настан.

 * Како реагиравте во првите мигови по ударот?

– По ударот веднаш се најдов на земја. Прва помисла ми беше како е Викторија. Додека лежев веднаш го свртив погледот на десно и видов дека таа е многу оддалечена од мене. Собрав сила, станав и истрчав кај неа, за да ѝ пружам помош.

* На кој начин сфативте дека вашата девојка има смртни последици? 

– Сфатив кога го извикував нејзиното име, но таа не реагираше. Длабоко во себе се надевав на спротивното.

целото интервју прочитајте го на zenskimagazin.mk

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Со две дози „Синофарм“ поминав пет тешки дена, ме спаси медот на Атиџе, молитвите.., како пејачката Ребека го прележа Ковид -19

Пејачката Ребека  вакцинирана со две дози „Синофарм“ го прележа ковид-19. Таа во подолга објава на социјалните мрежи објасни…
Повеќе

Ристиќ: “Ако сакаме да тврдиме дека веќе не живееме во режим, да се позанимаваме со оние кои треба да бидат пример за чест”

„Ирена, а и јас, секако дека немаме намера да прејдеме преку незаконитото и непрофесионално однесување на овластените службени…