Мурињо: Таков пенал никогаш не се суди, ама никогаш!

Светот е едногласен дека Англија на неспортски начин се пласираше во финалето на ЕВРО 2020, и покрај тоа што објективно беше подобриот тим од Данска на вчерашниот полуфинален дуел.

Сепак, пеналот на Стирлинг беше далеку од пенал. Со тоа се согласува и португалскиот стратег Жозе Мурињо кој вели дека не може да разбере за што служи ВАР-системот ако не корегира една таква судиска грешка.

„Не може да оспорам дека англиските фудбалери беа одлични на терен, одлично однесувајќи се и при негативата со силен притисок. Да, точно е дека Англија заслужи да победи, но не таков начин. Мора да бидеме реални и да кажеме дека еден таков пенал никогаш не се суди. Ама баш никогаш. Кога се игра натпревар на вакво ниво, во полуфинале на Европско првенство, тогаш еден таков непостоечки пенал многу значи, затоа што Данците, пак, умешно се носеа со ситуацијата да се бранат до крај. Не го разбирам судијата како можеше да досуди таков пенал, а уште помалку разбирам зошто постои ВАР-системот. Не ми е јасно зошто не ја корегираа одлуката на судијата, затоа што очигледно беше погрешна. Да сум Саутгејт секако ќе прифатев една ваква победа, но на данскиот селектор ќе му порачав: Честитки за се што направи, ќе беше подобро да победам на друг начин“ – вели Мурињо во анализите за синоќешното полуфинале.

Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави