Најмалку 174 луѓе починаа во стампедо на фудбалски натпревар во Индонезија

Најмалку 174 луѓе починаа во стампедо на фудбалски натпревар во Индонезија во една од најголемите катастрофи на стадион.

Повредени се уште барем 180 луѓе откако домашниот тим Арема загуби од големиот ривал Персебаја на преполниот стадион во Маланг, Источна Јава.

Стампедото се случи откако полицијата употреби солзавец да ги растера навивачите кои навлегоа на теренот.

Се рашири паника и илјадници тргнаа одеднаш кон излезите на стадионот „Канџухуран“, при што многуина се задушија.

Првичните извештаи беа дека бројката на загинати е околу 130, но заменик гувернерот на Источна Јава потоа соопшти дека загинати се 174, а уште 11 се во критична состојба.

Индонезиските власти кажаа дека на стадионот со капацитет од 38.000 имало 4.000 луѓе повеќе.

Според видеата од социјалните мрежи, дел од навивачите се спуштија на теренот откако судијата означи крај на натпреварот, кој заврши со победа на гостинскиот тим од 3:2.

Total
1
Shares
Поврзани објави