Невакцинираните во Грција од понеделник ќе может да влезат само во аптеки и маркети

Грчката влада усвои нови мерки за борба против коронавирусот и премиерот Кирјакос Мицотакис кажа дека тие не се насочени против невакцинираните, туку имаат за цел да се избегне воведување ново целосно затворање. Мерките, претставени од министерот за здравство Танос Плеврис, ќе стапат на сила в понеделник и, како што кажа, се во согласност со посветеноста на владата економијата да функционира непречено.

Новите мерки предвидуваат скалести смени во јавниот и приватниот сектор, кои ќе почнуваат меѓу седум и 9:30 часот, што има за цел да спречи гужви во јавниот превоз и да го олесни социјалното дистанцирање на работното место. Продавниците ќе отвораат покасно, во 10 часот и ќе работат до 21 часот.

Аптеките, супермаркетите и другите продавници за храна ќе останат отворени за сите, без разлика на вакциналниот статус. За влез во образовните и верските установи, отворените кафулиња и барови и фризерските салони невакцинираните ќе мора да покажат доказ за прележан ковид-19 или негативен ПЦР тест, додека во рестораните, музеите, кината, театрите и теретаните ќе можат да влезат само оние кои се вакцинирани.

Откако во вторникот беа регистрирани повеќе од 8.000 нови случаи на коронавирус, владата повторно им наложи на лекарите од приватниот сектор да се стават во служба на националниот здравствен систем, особено за да им се помогне на преоптоварените болници во северниот дел на земјата.

Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Курц под истрага за корупција

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска ги отфрли обвиненијата на обвинителството за економски криминал против него и неколку други…