Палчо бара изземање на скопското обвинителство од случајот со убиството на Вања и Панче, обвинува за криење на пиштол

Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на денешното судско рочиште побара изземање на обвинителката, но и на целото скопско обвинителство.

-Се обраќам до републичкиот обвинител Љупчо Коцевски за изземање на обвинителката Жаклина Јосифовска и целото скопско обвинителство. Не сум оптимист за вашата праведна одлука, но нека остане пишан документ, каква криминална истрага спровеле вашите вработени. Предложени се докази за лажна изјава на сведок, од вештачење на телефон, нецелосна и фалсификувана телефонска комуникација. Наделжната обвинителка Јосифовска иако ги знаела фактите, без да го сведочи телефонот на нејзиниот сведок, а за да ги негира моите искази, донесе сведок кој со докази е докажано дека сведочел лажно. Но криење на оружје, нерасчистување на таа околност, дали обвинетите поседуваат оружје, е најсериозно кривично дело кој обвинител може да го направи за двојно убиство. Расчистување на таа околност јавниот обвинител презел само за мене, а МВР ги известило дека пиштолот со дозвола ми бил одземен 6 месеци пред настанот, рече Палевски.

Тој додаде дека обвинетиот Боре Видевски поседува пиштол калибар 9мм, со дозвола издадена 1990 година. Поседува и ловна пушка.

-Криминалистичката пракса покажува дека вакви злосторства се извршуваат со оружје купено на црниот пазар, но таа околност требало да ја расчисти обвинителката. При претресот на неговиот дом, на Видевски, пиштолот не е евидентиран, не постои. Тоа е доказ за намара и свесност за креирање на обвинителни акти без ниту еден доказ, рече Палевски.

Тој доставил копија од слика од монитор на МВР на кој се гледало дека Видевски поседува оружје.

-Во МВР се уште постојат правдољубиви луѓе кои го доставија доказот до одбраната, истакна Палевски.

Total
0
Shares
Related Posts