Пендаровски му верува на Петков дека руски агенти работеле против договорот Скопје – Софија

Специјалното обвинителство на Бугарија го истражува дејствувањето на три лица, од кои двајца работеле во Државната агенција за национална безбедност, а за третиот не е прецизирано каде работел. Осомничените  работеле за интересите на Русија, односно приведени се за шпионажа. Обвинителствто вели дека податоците ги пренесувале по електронска пошта, а не лично.

По анализата на доказите од страна на обвинителите ќе биде направена проценка дали има докази за криминал и дали ќе биде покренато обвинение, изјави портпаролот на специјалното обвинителство Христо Крстев, кој додаде дека започнало прибирање на доказите за да се види дали ќе се покрене обвинение против некое од трите лица.

Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера изјави дека руски агенти во Бугарија, работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија. Тоа што го истражуваме на многу места, е голема руска дијаспора на агенти во Бугарија, рече Петков и додаде дека некои од нив работеле специјално врз добрите односи со Македонија. Рускиот интерес бил фокусиран врз тоа да нема европска иднина за Западен Балкан, рече Петков.

Претседателот Стево Пендаровски за Телма вели дека не може да ја коментира изјавата на Петков затоа што се работи за териоторија на Бугарија, но сепак вели дека треба да му се верува.

Total
1
Shares
Поврзани објави