Пендиков добива третман на почесен граѓанин на Бугарија, доби бесплатно сместување во Софија и пари

Секретарот на бугарскиот клуб од Охрид, Христијан Пендиков, кој неодамна беше нападнат, а потоа, пренесен и лекуван во Софија, ќе биде сместен во стан во главниот град на Бугарија кој ќе му го плаќа бугарското МНР.

Ова на прес-конференција го соопшти в.д. Министерот за надворешни работи Николај Милков, според кого, МНР му доделило и дневници, со што тој и неговата мајка ќе можат да се издржуваат додека се во Бугарија, бидејќи сметаат дека во моментов постои закана за нив во Mакедонија во случај на нивно можно враќање.

Милков, меѓудругото, најави дека пендиков кој вчера беше отпуштен од воено-медицинската академија во Софија, во најабрз можен рок ќе добие бугарско државјанство.

Total
0
Shares
Поврзани објави