Пожарот на Шар Планина се проширил на букова шума, за гаснење се бара воздушна поддршка

Пожарот, што од вчера попладне е активен на Шар Планина над селото Вешала во Општина Тетово, каде вчера гореа сува трева и папрат, утрово се проширил и зафатил и букова шума, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

За гаснењето на пожарот, кој е на непристапен терен, од ЦУК велат дека е побарано да се интервенира со воздушна поддршка.  

Утрово во 06:55 на терен веќе биле испратени 10 ренџери од Националниот парк „Шар планина“ од Тетово кои пожарот го гаснеле со грбни противпожарни прскалки, но побарана е помош и од други надлежни институции.

„Од терен е побарана итна воздушна поддршка заради неможноста пожарот да се стави под контрола. Од ЦУК е побарана воздушна поддршка од Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи, а преку Регионалниот центар за управување со кризи од Тетово е побарано од тетовските пожарникари да пратат камион со вода која е потребна за ренџерите да интервенираат“,велат од ЦУК.

За пожарот вчера информираа од ЦУК од каде рекоа дека биле испратени екипи за да интервенираат, но поради лошиот и непристапен терен и настапување на ноќта, ренџерите од Националниот парк „Шар Планина“ биле повлечени од терен.

Total
0
Shares
Related Posts