Позитивни наставници изолираа 177 ученици од охридското училиште „Братство Единство“

177 деца од ООУ Братство Единство од Охрид се во изолација поради контакт со позитивни професори. Информацијата ја потврди директорот на училиштето, кој вели дека во училиштето во целост се спроведуваат протоколите препорачани од комисијата за заразни болести, но поради мал ризик се одлучиле учениците наставата одреден период да ја следат онлине.

„Станува збор за ученици од предметна настава и тоа шест паралелки од подрачното училиште во Лескајца (по две од шесто, седмо и деветто одделени) и паралелките од шесто, седмо, осмо и деветто одделение од централното училиште, ученици  кои следат настава на турски јазик“, вели за Охрид 1 директорот на училиштето Џамал Мехмед.

Мехмед вели дека 98 од наставниот кадар е имунизиран и дека и професорите кои во моментов се во изолација се со примени две дози на вакцина.

Total
5
Shares
Поврзани објави