Полицијата го ослободи приведениот за заканите со бомбите и изврши претрес во неговиот дом

Платформа именувана како ,,Конзерватив.мк” синоќа на својот фејсбук-профил објави дека нивниот член и активист Никола Николовски е приведеното лице за наводна поврзаност со заканите за поставени бомби кои ги добија повеќе средни училишта во главниот град, но дека тој е неправедно уапсен

Полицијата по распитот го ослободи приведениот Н.Н. за заканите со бомбите во средните скопски училишта.

„По извршениот службен разговор, во координација со јавното обвинителство извршен е претрес во домот на Н.Н., кој вчера беше приведен поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во средните училишта во Скопје“,соопшти МВР.

Од неговиот дом одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од полицијата.

Платформа именувана како ,,Конзерватив.мк” синоќа на својот фејсбук-профил објави дека нивниот член и активист Никола Николовски е приведеното лице за наводна поврзаност со заканите за поставени бомби кои ги добија повеќе средни училишта во главниот град, но дека тој е неправедно уапсен.

Во описот за работата на платформата ,,Конзерватив.мк”, објавена на нивната веб-страница, се наведува оти станува збор за движење чии примарни заложби се демократија, слободен пазар, здрава животна средина, како и конзерватизмот како идеологија и класичниот либерализам како десно или центар-десни ориентации.

На Фејсбук-профилот на платформата ,,Кознерватив.мк”, меѓу другото, може да се забележат објави од пред неколку месеци во кои ја повикуваат Владата да го отфрли францускиот предлог и се дава поддршка на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ на 5 јули.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Судска медицина: Причината за реобдукција покажува дека ОЈО и колегите кој го прегледале телото немаат елементарни познавања од судска медицина, познавања кој треба да ги има секој обвинител

По пронаоѓање на телото на ден 07.06.2022 година околу 19.00 часот бил извршен увид на местото на настанот…
Повеќе

Мицкоски извади нови документи за случувањата на „Онкологија“: Имало периоди кога пациентите не ја добивале терапијата, а одговорните лица не испратиле допис до добавувачите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изнесе нови сведоштва и документи за скандалот на Клиниката за онкологија, за…