Полицијата запленила 1,6 тона дрога во вредност од 3,2 милиони евра

Полицијата вчера во две големи акции запленила 1,6 тони дрога во вредност од 3,2 милиони евра, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР). Акциите биле спроведени во Струмица и во Ресен.

Во Струмица е извршена контрола во фирма кога била регистрирана за одгледување на канабис за медицински цели, но поради констатирани неправилности во работењето на правниот субјект, запленета е непријавена марихуана во вредност од околу 3 милиони евра, со вкупна тежина од над еден и пол тон, соопшти МВР.

Обвинителството по документирање на случајот ќе поднесе соодветни пријави.

Речиси истовремено акција имало и во Ресен, каде при преглед на патничко возило „шкода октавија“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 38 годишно лице од струмичко биле пронајдени три торби со марихуана тешка околу 50 килограми и во вкупна вредност од околу 200.000 евра. Возачот и неговиот сопатник се приведени.

Од МВР велат дека ова е уште еден показател дека бескомпромисната борба со криминалот и сузбивањето на шверцот со наркотици продолжува со засилено темпо, се наведува во соопштението.

По легализацијата на производство на канабис во земјава за медицински цели, во полициските билтени се појавија информации дека дел од легално произведениот канабис завршува и на „црниот пазар“.

Total
11
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Земјотрес и во Босна

Два земјотреси рано утрово ја потресоа Босна и Херцеговина. Епицентарот на потресите бил на местото на епицентарот на…