Приватните превозници не се откажуваат, Скопје трет ден блокирано јавен повик ќе има само за линиите 20 и 22

Скопје денеска е трет ден во блокади. Приватните автобуси кои беа дел од градскиот превоз веќе три дена со паркирани возила ги блокираат клучните автобуси во градот поради што сообраќајот во главниот град е хаотичен, а граѓаните трошат повеќе време за да стигнат на работа или на посакуваната дестинација.

Според изјавите од приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, тие нема да се откажат додека Градот Скопје не им го исплати заостанатиот долг кој тврдат дека вкупно изнесува над 90 милиони денари. Од градоначалничката Данела Арсовска, пак, изминативе два дена имаше молк. Таа вчера се огласи, но само најави дека денеска ќе распише јавен повик за приватни превозници на градските линии со број 20 и 22. Останатиот дел од нејзиното обраќање, пак, се однесуваше на прозивки до двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Слобода превоз“ и „Макескпрес“ во меѓувреме добија известувања од градските власти за раскинување на договорите бидејќи Град Скопје смета дека тие не ги исполнуваат условите и не се придржуваат до одредбите од договорите.

Total
0
Shares
Поврзани објави