Професорот Тупанчевски предложен за министер за правда, четири жени во новата влада

Пратеничките Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска Стојчевска, експратеничката Славица Грковска, како и директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска се изборот на мандатарот Димитар Ковачевски за министерки во новата влада за кои тој вечерва ќе побара поддршка од извршниот и од Централниот одбор на СДСМ, потврди за „Слободен печат“ висок функционер од Владата.

Професорот на Правен факултет, Никола Тупанчевски пак, е големото изненадување кое Ковачевски го чуваше во најголема тајност, а кој ќе биде предлог за иден министер за правда.

Петровска, ако добие виза од партиските тела, ќе биде предлог за нова министерка за одбрана на местото на Радмила Шекеринска. Јована Тренчевска се предлага за ресорот труд и социјала на местото на Јагода Шахпаска. Грковска треба да биде новата вицепремиерка за борба против корупција, додека актуелниот вицепремиер Љупчо Николовски ќе се врати во ресорот земјоделство. Ирена Стефоска ќе го отстапи ресорот култура на пратеничката Бисера Костадиновска.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи останува на позицијата, како и министерот за внатрешни Оливер Спасовски. Промена ќе нема ни во ресорот транспорт и врски каде останува актуелниот министер Благој Бочварски ни во локална самоуправа каде министерува Горан МилевскиБојан Маричиќ од правда заминува за вицепремиер за евроинтеграции.

Старо- новите предлози за министри вечерва треба да добијат виза од Извршниот и од Централниот одбор на СДСМ.

извор: slobodenpecat.mk

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

АРМ од денес е АРСМ

Претседателот на државата и врxoвен koмандант на вооpyжените cили Стево Пендаровски вчера ја потпишал уpeдбата за ознаките на…