Регистриран трет случај на заразен со конго-кримска хеморагична треска

Регистриран е нов случај на заразен со конго-кримска хеморагична треска, информираше Институтот за јавно здравје на 14 август. Институтот соопшти дека во доцните вечерни часови на 12 август биле известени за позитивниот резултат.

Кримска-конго хеморагична треска е вирусна болест чиј преносител се крлежите.

Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес. Тој од Општата болница во Велес, бил донесен на Клиниката за инфективни болести. Пациентот е во стабилна состојба.

Заразениот се јавил во болницата во Велес, пред дена откако почнал да чувствува симптоми на покачена температура до 38°Ц, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење.

Од Институтот за јавно здравје велат дека веднаш бил известен Центарот за јавно здравје Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи.

Во изминатите две недели ова е трет случај на заразен со конго -кримска хеморагична треска.
На 30 јули почина 27 годишна жена од треската. Потоа од неа се зарази вработена на Клиниката за инфективни болести.

Пренесувањето од човек на човек се врши само ако се дојде во допир со телесните течности во коишто го има вирусот, а во над 99 проценти од случаите се заразуваат здравствените работници, оние коишто доаѓаат во допир со лекувањето, односно со било кој дел од телесните течности: крв, плазма, плукна, солзи или некои други ткива, може да бидат преносители од човек на човек.

Total
0
Shares
Related Posts