Русија исфрлена од Евровизија

Русија нема да учествува на годинашната Евровизија во Торино откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја исфрли од натпреварувањето како резултат на воената инвазија во Украина. Ова следува само ден откако ЕБУ кажа дека Русија сигурно ќе учествува, опишувајќи ја Евровизија како неполитички културен настан.

„Ние остануваме посветени на заштитата на вредностите на ова културно натпреварување кое промовира меѓународна размена и разбирање“, се вели во соопштението на ЕБУ.

Украинската државна радиодифузија „УА:ПБЦ“ претходно побара Русија да биде суспендирана. Оттаму кажаа дека руската радиодифузија, која го организира тамошниот избор, е гласник на Кремљ и клучна алатка на политичката пропаганда. И Финска најави дека ќе се повлече ако ѝ се дозволи на Русија да учествува.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Нема пасош за Камчев

Бизнисменот Орце Камчев нема да добие нов времен пасош, иако за него понуди гаранција од 2 милиони евра.…
Повеќе

Државниот санитарен инспекторат ги поништи решенијата за надзор и изолација на лицата кои влегле во земјата со негативен тест за ковид-19

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го запре извршувањето на решенијата за ставање под здравствен надзор и изолација лица…