Серена Вилијамс, го заврши настапот на УС Опен, а со тоа заврши и нејзината импресивна тениска кариера

По поразот од австралиската тенисерка, Ајла Томљановиќ, Серена Вилијамс, го заврши настапот на УС Опен, а со тоа заврши и нејзината импресивна тениска кариера. 

Серена Вилијамс најави дека по настапот на УС Опен ќе му каже збогум на тенисот, тоа се случи синоќа откако легендарната тенисерка беше поразена од Томљановиќ.

Серена Вилијамс првиот сет го загуби со 7-5, во вториот триумфираше по тајбрејк 7-6 (7-4), а австралиската тенисерка со убедливи 6-1 го доби третиот рашавачки сет.

По мечот Серена Вилијамс со солзи, со многу емоции се збогуваше со тенисот.

Таа ќе биде запаметена како најдобрата тенисерка на сите времиња, а можеби и најдобрата спортистка.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Пандев до Бујар Османи : „Смешен си господине и жален, гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат, за нив треба споменици а не пасоши“.

По победата на Македонија над Италија, Александар Трајковски, Енис Барди и селекторот Благоја Милевски добија дипломатски пасоши од…