Средба Вучиќ – Зеленски: Имавме отворен и искрен разговор за развивање на нашите односи

Двајцата претседатели, на социјалните мрежи, ја оценија средбата како отворена, искрена и плодна за сите важни прашања кои се од заеднички интерес

Вучиќ, по средбата со Зеленски, рече дека претстои „жешка есен“ и дека ситуацијата во Украина не е лесна и едноставна, дека ништо не оди брзо и нема брзо да се реши и, како што рече, претстојат уште многу проблеми

Имавме добар и отворен разговор за сите важни прашања, како за Србија и Украина, така и за целиот регион и светот. Вака српскиот претседател Алекснадар Вучиќ ја оценува средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски која се одржа во Атина.

„Ги разгледавме настаните во Украина и Косово и уште еднаш нагласив дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина, што јасно и недвосмислено го кажуваме од почетокот на конфликтот“,напиша Вучиќ на Инстаграм.

Total
0
Shares
Поврзани објави