Струјата по Нова Година ќе поскапи за 20% ?

Цената на струјата за домаќинствата по Нова Година ќе се зголеми за повеќе од 20 отсто. Освен цената, проблем е и недостигот на струја и доколку итно не почнат со производство ТЕЦ „Неготино“ и РЕК Битола може да останеме без струја, бидејќи европските земји забранија извоз на јаглен во Македонија. И покрај предупредувањата на експертите, власта со смирувачки пораки до граѓаните дека нема потреба за прогласување на енергетска криза, струјата нема да поскапи до крајот на годината и оти не знаат што ќе се случи по два месеца. Експертите алармираат до граѓаните да бидат подготвени дека после Нова Година ги чека раст на цената на струјата и ценовен шок. За да се ублажи ударот тие предлагаат намалување на даноците, како што направија некои од европските земји, пишува Вечер.

-Струјата по Нова Година се очекува да поскапи за повеќе од 20 отсто, бидејќи цената на светските берзи е покачена за повеќе од 10 пати. Ова зголемување од 20 отсто е реално, бидејќи во моментот ЕСМ електричната енергија на универзалниот снабдувач ЕВН „Хоум“ по цена од 37 евра за мегават-час, а на светските берзи во моментов е 250 евра за мегават-час, вели за ВЕЧЕР, енергетскиот експерт Ѓорѓи Манасков.

Според него и да се реши проблемот со набавката на јагленот за потребите на РЕК Битола, пак ќе имаме поскапување на цената на струјата. Потребно е државата сериозно да поработи за да се надомест недостатоците, зашто не се знае до кога ќе не толерираат државите од енерегетскиот систем од каде црпиме големо количество струја.

– Мора итно да почнат со производство и ТЕЦ Неготино и РЕК Битола може да останеме без струја, бидејќи европските земји забранија извоз на јаглен во Македонија. Ако не увеземе јаглен и ако не се почне веднаш со производството, тогаш струјата по Нова година може да биде зголемена за 100 отсто, вели Манасков и додава дека ова се реални прогнози, бидејќи се очекува до декември цената на струјата да се качи за повеќе од 400 евра за мегават-час.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Заев: Снимките се веројатно разговори опозицијата од албанскиот блок на партии, кога се убедувавме и објаснувавме со групата од осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ зошто е важно да се донесе Законот за јавно обвинителство

Press24: Зошто беше толку важно носењето на овој Закон, опозицијата во него препознава обид за заштита на актуелните…
Повеќе

Боки 13 останува во притвор

Апелациониот суд ја одби како неоснована жалбата на првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13, со што го…