Тошковски: Во случајот со трагедијата во Кочани постапивме неселективно и без двоумење

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во денешното обраќање на настанот по повод одбележувањето на Денот на полицијата – 7 Мај се осврна и на трагедијата во Кочани.

Кажа дека Министерството за внатрешни работи (МВР) во случајот постапило без селективност и двоумење, што резултирало со поднесени кривични пријави против десетици осомничени, меѓу кои, како што рече, има и сегашни и поранешни функционери.

„Во случајот со трагедијата во дискотеката во Кочани, Министерството за внатрешни работи спроведе сеопфатна истрага. Поднесени се кривични пријави против 70 сторители, меѓу кои има и сегашни и поранешни министри, градоначалници, раководители, инспектори, полициски службеници и други носители на одговорност. Без заштита, без селективност, без двоумење“,

Во обраќањето на свеченоста во Центарот за обука на МВР во Идризово, Тошковски ја потенцираше сложеноста на современиот безбедносен контекст и предизвиците со кои се соочува полицијата.рече Тошковски. 

„Се соочуваме со големи предизвици и нашата улога денеска е поодговорна од кога било“,рече тој додавајќи дека Министерството за внатрешни работи активно соработува со многубројни европски и регионални партнери.

Министерот се осврна и на резултатите од работата на полицијата во изминатиот период, нагласувајќи дека е постигнато значително намалување на криминалитетот.

„Покажавме дека можеме – сузбивме 14 криминални групи, од кои најмногу поврзани со трговија со дрога. Откривме две организирани групи поврзани со висока корупција“,рече Тошковски.

Случајот „Адитив“, во кој се пријавени 23 лица за злоупотреби во РЕК „Битола“, министерот го нарече симбол на тоа дека нема недопирливи кога се работи за злоупотреба на државни пари и ресурси.

Нагласи дека МВР повеќе не е затворена институција, туку, како што рече, работи рамо до рамо со граѓаните.

„Безбедноста не е привилегија, таа е темел на секое здраво општество. Без неа нема ниту економија, ниту правда, ниту развој“,рече министерот, додавајќи дека македонската полиција ќе продолжи да се менува, расте и подобрува, останувајќи симбол на редот и правдата.

Обраќање на настанот имаше и премерот Христијан Мицкоски, чија главна порака беше дека во државата нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност и дека законот важи за сите, без разлика дали се работи за обичен граѓанин, функционер или бизнисмен.

Заокружувајќи го своето обраќање Мицкоски за безбедноста рече дека таа не е само статистика, туку чувство, споредувајќи ја со родител кој без страв го пушта своето дете во училиште и кога една мајка спокојно се враќа дома во доцните часови.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

И Нинџа се предаде

Александар Василевски – Нинџа утрово се предал пред надлежните органи дал исказ и е во притвор во Шутка.…