Еден загинат и еден повреден во сообраќајка на патот Струмица-Радовиш

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа, што се случи околу 4:20 часот на патот Струмица-Радовиш, кај крстосницата за селото Радичево, информираше Вернер Стоилов од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

Во несреќата учествувале камион марка „ДАФ” и автомобил „Шаран”. Во извлекувањето на загинатиот и повредениот од автомобилот учествувале шестмина пожарникари и едно противпожарно возило со употреба на хидроулична алатка.

Повредениот е пренесен во Општата болница во Струмица, а увидот на местото на несреќата се уште трае.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Прва тужба за учебник од високо образование – жената е обвинета за виновник за разводи, истополиви врски се забеганост …

Коалицијата „Маргини“ и Мрежата за дискриминација поднесоа тужба за утврдување на дискриминација во учебникот „Основи на персонологија 2“…