Убиен полицаец во Велес

Полицаецот А.Р  од Велес бил убиен откако бил прободен со нож. Убиство се случило во домот на неговата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница.

„Во 2.30 часот добивме повик за лице прободено со нож на улица Максим Горки број 190. Се работи за маж на 40 години. Нашата екипа излезе на лице место веднаш и констатира насилна смрт, со прободување со нож во граден кош“, вели д-р Василка Пановска, началник на Итната медицинска помош Велес.

Од велешката полиција соопштија дека уапсена е партнерката со која живеел убиениот под сомневање дека го сторила убиството.

„Утрово во 5 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23г) од Велес поради сомнение дека околу 02.20 часот во семејната куќа на улица Максим Горки со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Бил извршен увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против П.И. ќе поднесат соодветна пријава.

Полицаецот според соседите со девојката живеел неколку години. Таа му била трета жена.

Total
9
Shares
Поврзани објави