Уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива од починат донор

Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива.

Рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање.

  • Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива.
    Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.

Не радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот.
Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира Сали.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Загина 28 годишен моторџија

Скопјанец загина во сообраќајка кај Катланово, дознава 24 Инфо. Според неофицијални информации, сообраќајната несреќа се случила околу 13…
Повеќе

Почина Жарко Луковски

Поранешниот главен извршен директор на Т-Мобиле, Жарко Луковски почина попладнево. Засега познато е дека бил болен а синоќа…