АКО НЕ УСПЕАВМЕ ДА ГО СПАСИМЕ КИКО, СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ УСПЕЕМЕ ДРУГО ДЕТЕ: Јутуберот Стефан со емотивна порака

Веста за смртта на младиот Кристијан Коцев – Кико од карабинското село Долни Балаван ја потресе македонската јавност. 

Тажната вест ја објави јутуберот Стефан Лазаров, кои изминативе денови активно се залагаше што побрзо да се соберат парите за да се овозможи лекување за Кико во Турција. 

Денеска на социјалната мрежа Фејсбук е објавено и емотивно видео од Лазаров, на кое тој се збогува со Кико. 

Тој меѓу другото потенцираше дека средствата кои беа собрани за лекувањето на Кико ќе бидат донирани за лекување на Кико. Во видеото кое го објави, тој не ги крие неговите емоции, а меѓу другото посочи дека најавениот концерт ќе се одржи, и дека средствата од него, исто како и досега собраните средства ќе бидат донирани за лекување на други деца, за кои е потребна финансиска поддршка.

Total
0
Shares
Поврзани објави