АХВ извршила контроли во Скопје, Битола и во Охрид – уништена е храна со поминат рок

Речиси два тона небезбедна храна со поминат рок е повлечена од неколку киосци во Скопје и со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е уништена.

Инспекцискиот надзор, како што информираат од АХВ, бил извршен по доставена иницијатива од граѓани.

„Кај оператор со храна кој стопанисува со киосци затекнато е поголемо количество небезбедна храна со поминат рок. За утврдениот прекршок инспекциските служби на Агенцијата издадоа решение за уништување на 1 920 килограми небезбедната храна повлечена од неколку киосци со кои стопанисувал операторот“,се вели во соопштението од АХВ.

За сторениот прекршок, додаваат оттаму, изречена е парична казна. 

Освен во Скопје, инспекторите затекнале небезбедна храна и во угостителски објект во Битола.

Во објектот имало 241 килограм небезбедна храна која по издадено решение од инспектор нештетно е уништена.

Фирмата каде била затекната храната, додаваат од АХВ, казнета е со 600 евра во денарска противвредност, а со 300 евра, казнето е и одговорното лице.

Покрај за затекнатата небезбедна храна, оваа фирма и одговорното лице во неа, биле казнети и поради неизвршени задолжителни здравствени прегледи за вработените. За ова казните што треба да ги платат се во висина од 300 и од 150 евра.

Во Охрид, пак, инспекторите при редовена надзор, во маркет затекнале сувомеснати производи и мелено месо што биле без декларација и со поминат рок на употреба. Казната за маркетот е во висина од 1 400 евра. Во овој град, додаваат од АХВ, казнета е и месарница заради неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Максим Димитриевски: Орденот што го добив “100 годишната од Првата светска војна” ќе му го вратам на Каракачанов со протесно писмо

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил информираше дека ќе му го врати орденот на бугарскиот министер за…