Бебе со скршеница на раката криено од мајката на ГАК, ќе се формира посебна комисија за случајот со новороденчето

Директорката на Клиниката за гинекологија Викторија Јовановска најави формирање посебна комисија на гинеколошкото одделение која темелно ќе го разгледа случајот со новороденчето на семејството Дамјановски и ќе ги испита причините како дошло до скршеницата на раката кај бебето.

Родителите претходно во изјава за порталот „Скопје1“ тврдеа дека персоналот се обидувал да го прикрие случајот како и дека не им било дозволувано да го видат своето дете.

Јовановска тврди дека биле запазени сите медицински протоколи и според неа, во периодот на набљудување стандардна процедура е да не се откриваат информации во реално време на родителите.

Родилката Анета Дамјановска, која била породена на 31 декември не можела да си го види бебето бидејќи докторите не и дозволувале. Нејзиниот сопруг Благојче Дамјановски посочува дека бил избркан од Клиниката за гинекологија и акушерство кога, како и сите родители, побарал да си го види своето бебе. Според неговите кажувања, по низа инсистирања, само мајката успеала да отиде кај бебето, кога и било и кажано дека тоа има скршена рака.

Според Јовановска причина била лошата поставеност на бебето и дека во таква ситуација станува збор за предвидена компликација која не се случува често.

Total
0
Shares
Поврзани објави