За Колинда вчера се пишувало 25% повеќе отколку за Модриќ

Хрватска вчера низ медиумите во светот била спомнувана 30 проценти повеќе по полуфиналето, а ако се гледа за кого се пишувало тогаш претседателката Колинда Грабар Китановиќ е за 25 проценти повеќе во медиумите од најпознатиот фудбалер Лука Модриќ. Ова истражување го објави Томислав Грубишиќ, сопственик на загребска маркетинг фирма која има посебен софтвер со кој се следи популарноста на некоја личност производ или случување.
Од фирмата велат дека бројките се огромни и нигаш не биле толкави во историјата на Хрватска. Над 80 проценти од вестите биле за претседателката Колинда и тоа со многу позитивни реакции.

Total
0
Shares
Поврзани објави