Вечерва почнува летното сметање на времето, стрелките одат еден час напред

Во текот на ноќта, на преминот од сабота кон недела, во 2 часот по полноќ, почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред, односно од 2 на 3 часот. Кај многу современи уреди, вклучувајќи ги паметните телефони, таблетите, компјутерите…, прилагодувањето на времето се случува автоматски.

Летното сметање на времето ќе важи до 29 октомври, во 3 часот, кога ќе се врати зимското сметање.

Летно и зимско сметање на времето првпат е воведено во 1916 година, во земјите на северот на Европа, зсради заштеда на енергија.

Летното сметање на времето во поранешна Југославија, а со тоа и во Македонија, е воведено на 27 март 1983 година.

Европската Унија и другите земји во Европа во 2002 г. одредија дека почетокот на летното сметање на времето е во последниот ден недела од март и трае до последниот ден недела од октомври.

Total
0
Shares
Поврзани објави