(Видео) Објавено видео од пукањето во Ист Гејт

Се појави видео од пукањето во Ист Гејт мол, на кое се гледа моментот на инцидентот. Снимено е движњето на две лица, кои се спуштаат по ескалаторот надолу кон гаражите, а непознато лице облечено во бел блузон, се доближува и од горе пука во нив.

Во тој момент, до напаѓачот има и други лица кои одеднаш почнуваат да бегаат, кога ги слушнаа истрелите.

По пукањето, напаѓачот бегајќи поминува под безбедносната камера. Тој е облечен во темни карго панталони и црни спортски обувки со бел ѓон.

Total
0
Shares
Поврзани објави