Во Белград саем за вино на Отворен Балкан: Ќе се додели вински трофеј

Над 400 излагачи и производители на вино се претставија на овој прв меѓународен саем, а од земјава учествуваа 42 винарии и три дестилерии. Посебни трофеи ќе се доделат и на вина направени од автохтони сорти од Балканот

Во Белград денеска почнува третиот ден од првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“. Според програмата, предвидено е српската премиерка Ана Брнабиќ да го додели „Винскиот трофеј Отворен Балкан“.

Беа претставени вина од речиси 400 излагачи и производители кои дојдоа од 22 земји од целиот свет, а кое вино ќе го освои трофејот одлучува меѓународно жири од 25 судии од кои петмина, како што велат организаторите, се „мастери за вино“.

Северна Македонија, која заедно со Србија и Албанија, е покровител на саемот како дел од иницијативата Отворен Балкан, во Белград се претстави со 42 винарии и три дестилерии.

Натпреварот за вински трофеј се организира во категориите бели, црвени, розе, пенливи, слатки, портокалови и збогатени вина, а посебни трофеи ќе бидат доделени на вина направени од автохтони сорти од Балканот.

Во текот на вчерашниот ден, пак, покрај саемот во Белград се одржа и традиционалниот политички самит Отворен Балкан, на кој покрај политичките лидери на трите држави дел од иницијативата – српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, присуствува и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу.

Вчеа се одржа и Македонска вечер на која домаќин беше премиерот Ковачевски, а гости беа Вучиќ, Абазовиќ, министри од земјите од регионот, амбасадорот на САД во Србија Кристофер Хил, претседатели на стопанските комори од регионот, бизнисмени…

Првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе заврши утре.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Акционерите во американскиот гигант за социјални медиуми Твитер го одобрија претходно склучениот договор со Илон Маск за купување на компанијата

Акционерите во американскиот гигант за социјални медиуми Твитер речиси едногласно го одобрија претходно склучениот договор со Илон Маск…