27 годишниот Газменд Укали од Кичево и неговата вереница 23 годишната Албина Белули од Тетово се едни од лицата што утрово загинаа во несреќата што се случи кога автобус се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија и животот го загубија 46 лица.
Газменд беше дел од кабинетот на градоначаликот на Кичево, Фатмир Дехари, а во петокот го славел својот 27-ми роденден со својата вереница во Истанбул.
Информацијата за смртта на Газменд во телефонски разговор за Телма ја потврди и градоначалникот Дехари, кој изрази длабоко жалење за оваа голема трагедија.
Укали беше член и на Советот на млади на Општина Кичево во 2015 година.
извор: Telma.com.mk