По големиот пожар што го зафати градот, десетина лица побарале лекарска помош во кочанската болница поради отежнато дишење од чадот, но нема тешко повредени
Пожарот оштети куќи, помошни објекти и возила, меѓу кои и едно противпожарно
Во пожарот што попладнево избувна на две локации во Кочани и се доближи до станбените домови над градот во Белско Маало, има оштетени куќи, помошни објекти, оштетени се возила, меѓу кои и едно противпожарно возило.
Во кочанската болница десетина лица побарале лекарска помош поради отежнато дишење од чадот, но нема тешко повредени, јави дописникот на МИА од Кочани.
Дописникот јавува и дека пожарот поради ветерот се шири кон околните села.