ЕДНОГОДИШНО БЕБЕ ПОЧИНА КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД КОВИД 19

Едногодишно дете починало од ковид 19 на Клиниката за детски болести. Детето починало на 29 ноември, но дури денес е пронајдено меѓу починатите и неговата смрт е регистрирана  во денешната статистика. 

Според податоците од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојувало во дом за деца без родители во Битола . Тоа било повеќепати  хоспитализирано на Детска клиника од компликациии во склоп на  основните заболувања  меѓу кои епилепсија и хидроцефалус. 

Од Инстутутот за јавно здравје информираат дека до денот на  последната хоспитализација ,  детето било хоспитализирано   во Клиничка болница Битола  каде  поради долнореспираторна инфекција е лекувано од 15 до 24 ноември кога поради влошување на состојба и позитивен тест на Ковид 19  било пратено  во детската болница во Козле . 

– По аплицирана терапија и неможност да се одговори на тежината на клиничката слика на детето кое е со континуирано ниска кислородна сатурација од 64% , а во претходен договор , од  болницата во Козле е  префрлено на Клиника за детски болести каде и покрај интензивниот мониторинг и лекување, механичка вентилација и сите превземени дејствија за лекување и реанимација, завршува летално. – соопштија од Институт за јавно здравје.

Total
0
Shares
Поврзани објави