Од партијата жестоко ги отфрлија неоснованите обинувања и тактиките за поттикнување на страв која според нив ги користи Демократската унија за интеграции, а притоа изјавија и дека македонскиот народ непосредно на избори се изјаснил преку демократскиот процес, а секој обид за поткопување на неговата волја, за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив.
„Нивното искуство доволно говори за нивните вистински намери. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на македонските Албанци „Вреди“, се залага за правда, транспарентност и вистинска застапеност за сите граѓани на Македонија“,се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат и дека овие наводни информации од ДУИ, кои промовираат тактики или закани за поделби нема да ги поколеба, туку напротив, ќе продолжат со фокусот за поддршка на владеењето на правото, промовирање на единството и унапредување на интересите на сите граѓани, без разлика на етничката припадност.
„Ја повикуваме ДУИ конструктивно да се вклучи во демократските процеси наместо да прибегнува кон тактики на страв и манипулации. Иднината на Македонија е во единството, а не во поделбата“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.