За Лео, Благојчо Ѓоргиев од Кочани на продажба го стави својот скутер за хендикепирани

Граѓаните продолжуваат со низа иницијативи и хуманитарни акции за да му помогнат на младиот Леонид Индов, на кој му е потребна нашата помош за да го продолжи лекувањето во Виена, Австрија.

Еден од нив е и Благојчо Ѓоргиев, кој на продажба за Лео го стави својот скутер за хендикепирани.

Тој во видео обраќање на Фејсбук скутерот го понуди за минимум 30.000 денари.

– Јас ќе се туркам во инвалидна собна количка. Фала му на Бога, можам и со рацете да се туркам, порача Ѓоргиев.

За среќа, скутерот сепак ќе може да го задржи откако за истиот бараната сума за Лео ја уплати градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави