За тетовскиот ковид-центар надлежни биле општината и директорот на болницата?

Планот за заштита од пожар во тетовската модуларна болница бил во надлежност на в.д. директорот Флорин Бесими, кој си поднесе оставка, и друго одговорно лице од болницата,a истиот требало да се реализира на почетокот на работата на монтажниот објект, покажуваат документите на Министерството за труд и социјалана политика,кои ги објави „Дојче Веле“.

Станува збор за т.н. „План за еколошки и социјален менаџмент“ на модуларните болници, објавен во октомври 2020 година, во кој во деталисе опфатени фазите на изградба на модуларните болници, нивното одржување и контрола за секоја од нив поединечно.

Па така, според нив, во тетовската модуларна болница, планот за одржување на инсталациите за струјата, водата, одводната мрежа и греењето биле поднадлежност на директорот на болницата, претставници од општината Тетово, комунален инспектор и одговорно лице во болницата, а истиот требало да се реализира пред пуштање во употреба на болницата.

Во итни случаи и вонредни околности, како пожари, одговорноста е на болницата, болничкиот персонал и Дирекцијата за заштита и спасување, објави Дојче Веле, повикувајќи се на докуменитте во кои меѓудругото било предвидено и сите вработени во ковид-центарот да бидат обучени за реакција во итни ситуации и за точната процедура во такви ситуации.“

Како избувна смротносниот пожар во модуларната болница се уште истраува тетовското обвинтиелство на кое на помнош им дојдоа и германски форензирачаи. Првичните резултати од извештаите премиерот Заев изјави дека ги очекува за околу две недели, Во меѓувреме, обвинителството со кое раководи Русковска ја истражува Тендерската документација и начинот на набавката на модучларните болници.

Total
0
Shares
Поврзани објави