Зеленски предупредува: Русите поставија експлозиви во нуклеарната централа Запорожје

Откако украинскиот претседател Зеленски рече дека руските сили поставиле експлозив на покривот на нуклеарната централа Запорожје, руски нуклеарен функционер тврди дека Украина вечерва ќе изврши напад врз централата, пренесува „Јутарњи“.

Двете земји долго време меѓусебно се обвинуваат за гранатирање околу електраната, а од неодамна и за планирање постојани напади врз неа.

Ренат Карча, руски нуклеарен советник, го изјави ова набргу откако украинскиот претседател Зеленски го предупреди францускиот претседател Макрон дека заканата од напад врз електраната е реална.

„Под превезот на темнината во текот на ноќта на 5 јули, украинските власти ќе се обидат да ја нападнат централата Запорожје користејќи прецизна опрема и беспилотни летала, рече Карча, но тој не понуди докази за своето тврдење.

Руските региони Курск и Белгород беа под оган од украинските сили во раните утрински часови, соопштија гувернерите на тие региони, додавајќи дека нема извештаи за жртви.

„Системот за противвоздушна одбрана функционираше, но има уништување на теренот“, изјави гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков.

Гувернерот на областа Курск, изјави дека при избувнувањето на пожар во селото Тјоткино, оштетени се училиште и приватна куќа.

Total
0
Shares
Поврзани објави