Игор Пехчевски пак е во болница: Се борам и ќе се борам – Трикафта за сите!

Помина една година како се бара лекот „трикафта“ за сите во земјава кои боледуваат од цистична фиброза. Повторно е хоспитализиран Игор Пехчевски, еден од најгласните на социјалните мрежи.

Тој се бори да го прима лекот „трикафта“, а кој досега го добија само неколкумина пациенти. Државата се уште не одвои пари за лекот да го добијат сите кои се борат со оваа болест.

„Денеска кога го одбележуваме 21ви Ноевмври, Меѓународниот ден на болните од Цистична фиброза, за мене е тажен ден. За жал јас сум повторно хоспитализиран. Болеста не чека. Не чекаме ниту ние. Се борам и ќе се борам. Лек за сите. Трикафта за сите“ – напиша Пехчевски на социјалните мрежи.

Total
0
Shares
Поврзани објави