Ковачевски: Изборите во мај, во моментов течат коалициските преговори

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин, а за финалните ставови на политичките партии ќе информираат кога ќе се постигне поширок консензус во рамките на Парламентот.

Според него, сите кадровски решенија ќе бидат споделувани со јавноста како што ќе се носат од официјалните партиски тела.

Тој рече дека СДСМ и ДУИ имаат јасен коалициски договор, а за Алијанса за Албанците истакна дека има капацитет да разговара за економски просперитетна држава и општество со социјална правда и демократија на највисоко ниво, со слобода на медиумите и владеење на правото, кои се основи за градење широкиот коалициски фронт.

Ковачевски изјави дека во моментов течат разговорите за финализирање на Изборниот законик и вклучувањето во него на сите забелешки од страна на ОБСЕ/ОДИХР.

„Целта за остварување на европска коалиција која што ќе предводи еден широк фронт во однос на промовирање на таа идеја е клучната работа што ќе ги обедини партиите на следните избори“ рече Ковачевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави