Кфор со бодликава жица ги огради зградите на општините

Припадниците на Кфор денес со бодликава жица ја оградија општинската зграда во Звечан на северот на Косово.Околу зградата се собрале и вработените во локалната самоуправа.

Војниците на Кфор се во опрема за разбивање толпи, а присутна е и специјалната косовска полиција со блиндирани возила. Ноќта на Косово минала мирно, иако насекаде се видливи засилени полициски сили.

Поранешниот претседател на собранието на општина Звечан Срѓан Милосављевиќ го повтори барањето за повлекување на специјалните единици на полицијата од општините на северот на Косово.

Демонстрантите развеаја српско знаме долго 250 метри, а Милосављевиќ ги повика на мирен протест. На оградите со бодликава жица во Звечан граѓаните закачиле српски знамиња.

Во Лепосавиќ на бодликавата жица граѓаните поставиле шесткрака ѕвезда на жолта основа, како знак кој го симболизира страдањето на Евреите под нацистите и животот во гето.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Огромни поплави во Њујорк

Рекордно ниво на дожд го преплави канализациониот систем во Њујорк во петокот, што резултираше со наплив од поплави…