Мароко со нова сензација – Роналдо си оди дома

Мароко со 1-0 ја победи Португалија и стана првата африканска репрезентација која се пласирала во полуфинале од Светско првенство, Кристијано Роналдо кариерата ќе ја заврши без мундијалски трофеј.

По Шпанија, Мароко ја исфрли и Португалија од големиот турнир. Мароканците одиграа уште еден пожртвуван натпревар, се бореа до последниот атом од силите и го заслужија триумфот.

Фернандо Сантош и овој меч го почна со Роналдо на клупата за резерви, стартер беше Рамош, но овојпат тоа не се покажа како успешен рецепт.

Единствениот гол се случи во 42. минута кога Ен Несири постигна гол за водство на Мароко од 1-0.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот Боно.

Роналдо во игра влезе во 51. минута, но ниту тој не помогна да се смени резултатот. На крајот радост за Мароко и тага за Португалија.

Мароканците во полуфиналето ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Англија и Франција.

фото FIFA

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина Чиро Блажевиќ

Почина Мирослав Чиро Блажевиќ, легендарниот селектор и селектор на Хрватска. Почина на 88-годишна возраст по долга борба со…