МВР: Нападнати полицајци, прободен навивач, приведени 21 хулигани, од кои двајца на Шкупи

Невидени провокации од бугарските навивачи кон Македонците, каменувани автомобили во Чаир, прободен бугарски навивач, физичка пресметка на бугарските хулигани со македонската полиција, Уапсени 19 Бугари, и двајца на „Шверцери… На кратко, ова е црната дамка која го засени синоќешниот меч меѓу екипите на ФК Шкупи и Левски од Софија, кој заврши со победа од 2-0 за гостинот.

МВР соопшти дека се приведени 19 навивачи од Бугарија. Од нив, осум за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници, а девет поради агресивно однесување кон нив. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Околу полноќ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода и двајца навивачи на навивачката група на ФК Шкупи, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. И тие ќе се соочат со законски предвидените поднесоци“, велат од МВР.

Претходно, од СВР Скопје информираа дека на ул „Цветан Димов биле нападнати четири бугарски државјани, од кои еден бил повреден со нож и пренесен во градската болница во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, но лицето е во стабилна состојба.

Синоќа на Националната арена во Скопје, бугарските навивачи се судрија со македонската полиција, а претходно во текот на денот во Чаир биле каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за македонија.

Останува да видиме дали официјална Софија и овој пат ќе ги искористи ваквите инциденти за зголемување на тензиите меѓу двете држави.

alfatv.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави