МВР отвори предмет за случајот со „Мал битолски Монмартр“, бугарските политичари со остри реакции

Министерството за внатрешни работи, по допрен глас  го известило ОЈО за случајот со културната установа „Мал битолски Монмартар“ која изминатиот период во неколку наврати однела деца во посета на Бугарија, каде што имале средби со бугарски политичари.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски посочи дека „ниту еден родител, нити „Меѓаши“ или друга огранизација нема доставено кривична пријава“.

-По доставувањето на известувањето веќе измаме предмет. Апелирам и за овој и за друг случај да се достават кривични пријави, да се земат изјави на записник во однос на овие случаји за да можат и институциите да постапуваат. Не треба да ги отвораме предметите само по допрен глас. Доколку има некаква злоупотреба тоа да се пријавува, за да можеме да постапуваме, истакна Спасовски.

За случајот реакција имаше и од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, од каде  посочуваат дека биле прекршени правата на децата.

-За жал, наместо децата да се третираат сериозно, тука се користат како инструмент за политички цели, со изговор за развивање добрососедски односи. Го повикуваме Основното јавно обвинителство (ОЈО) да преземе соодветни мерки особено поради инволвирање на децата од Македонија во политички кампањи во друга земја и неколкукратно прекршување на правата на децата согласно Конвенцијата за правата на детето и Член 12 став 4 од Законот за заштита на деца: Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување, соопштуваат од „Меѓаши“.

Откако Министерот Спасовски информираше за случајот, бурни реакции пристигнаа од Бугарија.

Министерка за надворешни работи и актуелна пратеничка, Катарина Захариева на социјалните мрежи објави дека било „достигнато ново дно“.

Лидерот  бугарска партија „Преродба“ Костадин Костадинов побарал бугарското Министерство за надворешни работи да излезе со најголема осуда,  а осуда упати поранешниот Министер за одбрана, Красимир Каракачанов.

-Македонското МВР покрена постапка против раководството на Малиот битолски Монмартр за тоа што културната установа однела деца во Бугарија и се сретнале со бугарски политичари, дури и со претседателот. Наместо да ја поздрави културната размена, блиските врски и заедничките иницијативи, македонското МВР се жали во медиумите дека децата учесници на културната манифестација се сликале со бугарски политичари, истакна Каракачанов.

За посетата на децата   на својот фејсбук-профил  на 4.јули информирал и претседателот на Бугарија, Румен Радев кај кого тие биле на средба. Радев напишал дека децата се пример за политичарите дека можат слободно да комуницираат без предрасуди.

Пред оваа посета на Бугарија и средбата со Радев, претходно група деца биле однесени и кај поранешниот бугарски премиер, Симеон Втори -Сакскобурготски, како и на посетата на гробот на неговиот татко, царот Борис Трети.

Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, од Битола кое е организиратор на детскиот уметнички фестивал „Мал битолски Монмартр“, посетата на Бугарија ја оствариле поддржани од Фондацијата „Бугарска Меморија“ на бизнисменот Милан Врабевски во рамките на проектот „Од двете страни на границата“.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Србија прогласи вонредна состојба, подели пари на пензионерите, побара помош од Кина, ја извади војската да ги чува болниците …

Претседателот на Србија Александара Вучиќ пред малку соопшти дека во дрѓвата се воведува воредна состојба поради корона вирусот.…