Не и се исполни желбата да стане мајка, блиските на ракометарката Јулија раскажаа од што починала

Веста за ненадејната смрт на поранешната македонска репрезентативка Јулија Портјанко Николиќ, денес ја потресе јавноста. Младата жена ја изгуби битката на свои 38 години, а нејзини блиски за ,,Фокус” велат дека причината, според првичните информации е срцев удар.

-Доцна синоќа се случило, сите сме вознемирени, таа беше прекрасен човек. Нејзиниот борбен дух не го издржа овој животен предизвик. Со години се бореше да стане мајка, не го дочека тоа за жал. Претешки се овие моменти за сите нас, кои ја знаевме нејзе и нејзината големина – ни раскажаа нејзини поранешни соиграчи од Кометал.

Јулија по потекло беше од Украина, а во Македонија дојде во 2003 година. Таа доби македонско државјанство, и играше за репрезентацијата на Светското женско ракометно првенство во 2009 година. Во 2015 година стави крај на ракометната кариера, а пред последниот меч со Вардар изјави дека ќе и недостига атмосферата со која го поминала поголемиот дел од животот.

извор: Фокус.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави