Дојави за поставени бомби пристигнале утринава во неколку скопски училишта, потврдуваат од МВР. Дојави за бомби, според сознанија, пристигнале во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Браќа Миладиновци“, „Александар Македонски“ и „Лазо Ангеловски“ во населбите Аеродром и Ново Лисиче. Полицијата прави антитерористички проверки. Евакуирани се и учениците од гимназијата „Георги Димитров“.
Во ова училиште и вчера имаше дојава за бомба. Вчера имаше дојави за 15 бомби во училишта. Досега сите дојави за поставени бомби беа лажни.