Нов удар врз џебот на граѓаните, ДДВ за пелети од 5 покачено на 18%, празната каса ќе се полни и со солидарен данок

По скапата струја, ќе поскапат и пелетите. Претстојната грејна сезона сериозно ќе удри врз џебот на граѓаните. Владата го зголемува ДДВ то од 5 на 18% за пелетите, котлите и печките на пелети. По повисока цена ќе се продават и луксузните прехранбени производи, како морските плодови, некои видови риба, перки до ајкула, тропското овошје, разни видови семиња и зачини. Ќе поевтинат само хигиенските влошки, чие ДДВ од 18 се намалува на 5 отсто. Повлечените закони од Собранието, Владата ќе ги носи по брза постапка, со европско знаменце. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои 8 месеци не ги ставаа на комисисика расправа, велат дека ќе ги искористат сите механизми за да ја разубедат власта дека штетата врз животниот стандард ќе биде огромна.

– Со месеци ја бараме листата на производи кои ќе ги поскапат, но сеуште е недостапна за јавноста. Дополнителна честитка за граѓаните со законот за ДДВ е поскапувањето на пелетите кои ќе се даночат со стапка од 18% наместо моменталните 5%. Изминативе години дозволија да се соголат планините, а граѓаните да се смрзнат ако немаат да платат по 5000 денари за метар кубен огревно дрво. Тоа не им беше доволно и сега го зголемуваат и данокот за пелетите. На што да се греат граѓаните во зима?, вели Бојан Стојановсни од ВМРО ДПМНЕ.

Покрај за граѓаните, финансиски удар ќе има и за фирмите. Успешните компании сепак ќе плаќаат солидарен данок. Власта не го послуша апелот на Бизнис заедницата и Советот на странски инвеститор да се повлечат во целост овие решенија, затоа што парите кои им беа планирани за оваа намена, првот полугподие, голем дел ги распределиле и поделеиле дивиденда.

– Законот не ги зема предвид ефектите од инвестициите, истражувањето и развојот на компаниите во минатото кои вродиле со зголемени добивки, а пораката што власта ја праќа до стопанството гласи „успешните ќе бидат казнети“ – вели тој.

Солидарен данок ќе плаќаат околу 200 компании, кои во 2022 та оствариле приход над 10 милиони евра и профит за 20% поголем од 4 годишниот просек. Ќе се даночат со стапка од 30 отсто, со што се очекува во буџетот да се соберат околу 90 милиони евра. Согласно процедурата, законите со европско знаменце треба да се донесат во рок од 3 дена, откако ќе бидат ставени наредната недела на расправа.

извор: Сител ТВ

Total
0
Shares
Поврзани објави